СИРИЗА: Се спроведуваат чекорите и обврските на грчката страна согласно предвиденото од веќе одобрениот од Парламентот, Договор од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Известувачот од владејачката СИРИЗА на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот парламент, Никос Тоскас, за нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, рече дека „се спроведуваат чекорите и обврските на грчката страна согласно предвиденото од веќе одобрениот од Парламентот, Договор од Преспа“ и им се обрати на сите пратеници независно од партиската припадност и ставовите, да гласаат „за“, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеникот од СИРИЗА рече дека главниот критериум за гласање на Протоколот е „да размислиме ние, како претставници на народот и на нацијата, како сакаме соседната земја да се вклучи во глобалниот систем и локално на Балканот под постоечките меѓународни корелации, со реализам и без апстрактни форми и идеали“.

-Ги повикувам сите колеги, независно од партиската линија и послушност, да го прифатат овој нацрт договор кој е обврзувачка последница и предуслов од Договорот од Преспа, што ги имплементира нашите национални интереси, кој ја стабилизира и надградува улогата на нашата земја во поширокиот регион на Балканот и на Источниот Медитеран, порача Тоскас.

Тој им се обрати на пратениците од Комунистичката партија на Грција, од Златна зора и Нова демократија, за нивните позиции во однос на Договорот од Преспа.

-Веројатното одбивање на ратификацијата на Протоколот од Нова демократија води до провоцирачки противречности во нејзината надворешна политика со традиционалната посветеност на НАТО и Европската унија, истакна Тоскас.

Во неговото обраќање, пратеникот од СИРИЗА детално ги објасни членовите во нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, и членовите на комисијата ги потсети на неколку факти поврзани со НАТО

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This