Во петокот беше идентификувано телото на Емилијано Сала кое беше пронајдено во авион две недели по неговото исчезнување.
Фудбалерот неколку дена пред cмpттa потпиша договор и трансфер со англискиот клуб Кардиф.
Три дена по идентификацијата на телото истражувачите ја открија причината за cмpттa на 28 годишниот фудбалер.
Имено cмpттa настанала по повреди на главата и белите дробови, а Сала е идентификуван по отпечатоци од прстите.
Телото беше пронајдено во авионот кој се сруши во каналот Ла Манш, а пилотот Давид Ибботсон се уште не е пронајден.
Сала за Кардиф потпиша договор вреден 17 милиони евра, а зaминa од Нант каде играше три години.