КАУБОЈСКО ОДНЕСУВАЊЕ НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА СПАСОВСКИ: За обезбедувањето на Оливер Спасовски не постои закон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што професионалните обврски ги ставаат зад партиските задачи и агитирање, лицата вработени во МВР од страна на Оливер Спасовски кои требаше со автомати да влетаат во УБК се однесуваат каубојски и по Македонските патишта

patarina_banditi_oliver

Непрофесионалното однесување и ставањето на партиската функција пред професионалната кај дел од вработените на МВР кои добија повисоки места или вработувања од страна на Оливер Спасовски, според експертите треба да биде санкционирано веднаш по 11-ти декември.

Како што досега информиравме, од сопствени извори во полицијата дознаваме дека таков список на луѓе вработени во МВР од страна на Спасовски веќе постои, и веќе на 12-ти декември истите ќе добијат отказни решенија поради непрофесионалноста и загрозувањето на безбедноста на граѓаните.

Ова е уште еден пример како каубојците на Оливер Спасовски се однесуваат благодарение на полициската легитимација која незаслужено ја имаат добиено.

Имено, дел од обезбедувањето на Спасовски наместо да плати патарина, тие бандитски ги вклучуваат светлосните сигнали со цел да поминат без да платат, иако со закон се обврзани како и секој друг граѓанин кој нема полициско обележје, да ја платат патарината.

Ова најверојатно го научиле од сопствениот партиски шеф Оливер Спасовски кој на истиот начин се однесуваше првиот момент кога влезе во службениот автомобил.

Од моментот на узурпирање на министерската фотеља во МВР, до денес Спасовски има вработено повеќе десетици партиски послушници во разни единици и структури на МВР, а веќе вработените партиски послушници на СДСМ се унапредени за неколку места.

Овие лица, Спасовски ги користи за агитирање во нивните населени места, додека оние со криминални досиеа за вршење на упад во чувствителни институции од значење за националната безбедност, како што беше случајот со планот за упад во УБК со автоматско оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This