КАТИЦА ЈАНЕВА ИМА ЧЛЕНСКА НА СДСМ: Ќе бегаат ли од одговорност гаранторите на „Пржинскиот договор“ САД и ЕУ или повторно двојни стандарди?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Во две рунди преговори, одвоени цела година помеѓу лидерите на четирите политички партии и претставници од ЕУ и САД на крајот беше договорено формирање на Специјално Јавно обвинителство, чиј челник ќе го одберат партиите од редот на независни и истакнати правници во државата. Овој договор, кој изрично потенцира дека СЈО ќе биде независна институција тогаш го поддржаа и претставниците на ЕУ но и САДkatica_clenska

 

Ќе застане ли амбасадорот на САД Џес Бејли но и претставниците на ЕУ во одбрана на вистината и нивните принципи, или како и досега ќе бидат применети двојните стандарди и лицемерието кое го презентираат секогаш кога развојот на ситуацијата не одговара на нивната агенда.

Имено, како основен услов за формирањето на СЈО беше раководителот на обинителството да биде независен експерт, од редот на истакнати правници (професори, судии, обвинители, адвокати), за кој согласност требаше да дадат четворицата лидери на најголемите политички партии на државата.

Предлогот Катица Јанева дојде токму од СДСМ, а истиот беше безусловно поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ но и од останатите две партии од албанскиот блок, кои веруваа во независноста и стручноста на Јанева, која со оглед на задачата требаше да пристапи исклучително сериозно со цел дознавање на вистината.

„Дневник“ дојде до доказ кој укажува на тоа дека Катица Јанева, ниту била експерт, а уште помалку независен. Таа била член на СДСМ, а доказ за тоа е нејзината членска книшка.

7ae10b8dd3caac4787474c2b98b1732a

Во неа, освен личните податоци на обвинителката од десната страна, стои и потписот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а симболите на партијата и серискиот број: 038196 се на левата страна.

Во моментот кога дојдовме до членската книшка, пред четири дена, веднаш побаравме писмен одговор од партијата како и од кабинетот на обвинителката. Но, с` до затворањето на весникот вчера, и покрај потсетувањето дека очекуваме одговор, истиот не стигна ниту од едната ниту од другата страна – пишува Дневник.

Под претпоставка дека членската книшка е издадена во општинската организација на партијата во Гевгелија, родното место и до пред формирањето на СЈО – постојаното живеалиште на Јанева, испративме прашање и до нив: На чие име е членската книшка, односно пристапницата поднесена во нивната организација со сериски број 038196?

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]По два дена, добивме одговор дека од нив не можеме да очекуваме таква информација, односно да се обратиме директно до „Бихаќска“:

– Мислам дека ние не можеме да ви помогнеме во врска со ова, иако навистина би сакале. Најдобро е да се обратите до централата. Поздрав – гласеше пораката испратена од СДСМ Гевгелија.[/kopa_block_quote] На истото прашање побаравме да ни одговорат во најкус можен рок, но и од централата на партијата, како и од Јанева, досега нема ниту збор.

Настрана молкот од СДСМ, останува нејасно зошто Јанева, и покрај потсетувањата дека очекуваме одговор, молчи неколку дена? Треба ли ова да се толкува според старата народна дека премолчувањето на прашањата значи потврда дека специјалната обвинителка е член на партијата? – прашуваат од Дневник.

Јавноста веќе е запознаена со близината на семејството на Јанева со партијата предводена од Зоран Заев, но не само нејзини роднини ами и вработени во самото СЈО.

По објавувањето на оценките со кои Катица го завршила Правниот факултет со средна оценка 6 (минимална), и со објавувањето на нејзината членска книшка Катица Јанева ниту е експерт, а уште помалку е независна. Дали и покрај доказите за непрофесионалноста и припадноста кон опозициската партија гаранторите на Пржинскиот договор САД и ЕУ, повторно ќе ги прекршат сопствените принципи и ќе воведат двојни аршини?

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This