Поранешниот функционер на СДСМ Ивор Мицковски го коментира отказот на синот на пратеникот Горан Мисовски, Кристијан, кој дал отказ од „морални причини“.
Младиот Мисовски: Преку притисок и хистерија ме натеравте да си наштетам со отказ
Младиот Мисовски си дал оставка поради хистеријата на јавноста, и се надевал дека сега ќе здивнеме.
Оф леле, ова ароганцијава е генетска што би рекле ВМРО.
Види бе дечко, нема никој против тебе ништо, и ти си жртва на нетранспарентната политика и генералната мизерија на нездивнатите.
Власта да не ја фатеше непотистичко лудило, ќе можевме да вреднуваме дали некој е вработен според заслуга или врски, ама вака, го избрале татко ти на карти да те повлече, ама ти одлучи и тоа да го покакаш.