АЈДЕ МАЈКАТА: Советот на Европа не заведе под новото име – ,,С” Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Советот на Европа официјално ја заведе земјата под нејзиното ново име ,,С” Македонија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

На Интернет страницата на најстарата паневропска организација – Советот на Европа, чие седиште е во Стразбур, земјата сега е заведена официјално како ,,С” Македонија, според азбучниот редослед на англиски јазик на земјите членки.
,,С” Македонија како земја членка сега се наоѓа меѓу Холандија и Норвешка, се до промената на името земјата се водеше под привремената реферeнца „поранешна југословенска Република Македонија“ и таа се наоѓаше меѓу Швајцарија и Турција. Така сега македонското знаме се вее на јарболот пред палатата на Европа во Стразбур, меѓу знамињата на Холандија и Норвешка.

Промената на името е направена и на страницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, делегацијата на Собранието е претставена како делегација на Република ,,С” Македонија. Интересно е да се наведе дека ПССЕ беше единствената паневропска и меѓународна организација која на пленарна сесија расправаше за употребата на Уставното име на Република Македонија или тоа на референцата, но без притоа да донесе одлука;

Но на картата на која се наоѓаат земјите членки на Советот на Европа и нивните престолнини на се уште не е променето името и на неа стои името на земјата со реферeнцата.

Република ,,С” Македонија стана членка на Советот на Европа на 9 ноември 1995, како 38 земја членка. При приемот на земјата Комитетот на Министрите на Советот на Европа испрати покана до земјата да стане членка, но во поканата не беше наведено наведено името на земјата која се поканува да стане членка на Советот на Европа.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This