„Кој сум јас?“ – младичот го праша Старецот.
„Ти си она што ти мислиш дека си.“ – одговорил Старецот. „Не ти е јасно? Ќе ти објаснам преку една приказна.“
Еден ден, покрај градските ѕидини, во примракот можеле да се забелжат две силуети во топла прегратка.
„Тоа се мама и тато.“– помислило невиното дете.
„Тоа се љубовници.“ – помислил човекот со нечиста фантазија.
„Тоа се двајца пријатели кои долги години се немаат видено.” – помислил човекот кој живеел сам.
„Тоа се двајца трговци кои склучиле добар бизнис.“ – помислил човекот алчен за пари.
„Тоа е татко кој го прегрнува својот син вратен од боjното поле.“ – помислила една жена со нежна душа.
„Тоа е ќерката која го прегрнува својот татко вратен од далечен пат.“– помилил човекот ожалоcтен поради cмpтта на својата ќерка.
„Тоа се двајца заљубени.“ – помисли девојата која сонува за љубов.
„Тоа се двајца кои се боpат со смpтта.“ – помислил уб иецот.
„Не знам зошто се прегpнуваат?“ – помислил пеcимиcтот.
„Колку е убаво да се видат двајца во прегратка.“ – помислил Божјиот човек.
Потоа Старецот заклучил: „Секој од нив мисли во зависност од она што во себе го носи. Проникни во своите мисли: единствено ти го имаш одговорот на прашањето Кој си ти?“