April 30, 2024, 10:02 am

ЕМИЛ НИАМИ ДО БУЈАР ОСМАНИ: Беса Арифи нека ви го решава проблемот со Законот со јазиците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Законот за употреба на јазиците постепено се имплементира рече вчера вицепремиерот Бујар Османи, но проблем и натаму останува преводот.

Во 1300 институции коресподенцијата се врши само на македонски јазик, затоа што недостасуваат преведувачи за документите да бидат точно и прецизно преведени.

На изјавата на Османи реагира преведувачот Емил Ниами, славист и долгогодишен лектор по македонски јазик на странските универзитети.

Пред година и пол укажав на проблемот што ќе го предизвика Законот за јазици. Бујар Османи денес се пожали. И сега што? Ви реков, ама вие сте самобендисани корумпирани политиканти на кои к*р не им чуе за професионалците. Сега нека ви го решава проблемот Беса Арифи, зашто таа ве тапкаше по рамо без да размисли за неговата имплементација. Ама, така ви е, кога слушате некој со претрчано образование и научни степени добиени со врски!

Пред година и пол укажав на проблемот што ќе го предизвика Законот за јазици. Бујар Османи денес се пожали. И сега што?…

Posted by Емил Ниами on Monday, March 25, 2019

Работната група за спроведување на Законот за јазиците на вчерашниот состанок заклучила да  се интензивира соработката и да се овозможат подобри услови за работа на новоформираната Агенција.

Во наредниот период ќе се формира и Инспекторат кој ќе се грижи за спроведување на Законот како на централно така и на локално ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This