- Advertisement -
Македонската православна црква утре го слави “Св.Архангел Михаил” во народорт познат како Свети Аранѓел.
Според црковните преданија, ангелот Михаил е прв кој стапил во борба со злите духови и тоа име според црковно толкување означува „оној кој е како Господ“. На грчки јазик „архи“ значи главен, прв, а „ангелос“ значи гласник,ангел.
Постои верување дека овој ангел е жив, и понатаму по потреба се симнува меѓу луѓето на земјата како патник или просјак. Архангел Михаил според верувањата е „жив светец“.
Денешниот ден е слава на голем број македонски фамилии.