Силјановска Давкова: Во Северна Грција живеат Македонци и не треба да се срамиме од нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова вечерва се обрати на граѓаните во Делчево.

-Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик, рече Силјановска Давкова.

Таа потенцираше дека не е националист, но дека неможе, а да не каже дека не се работи за дијаспора, како што е сега според уставот.

-Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конценција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското, рече од Делчево, Силјановска Давкова.

Таа од Делчево го осуди денешниот настан во Арачиново со новарите на тв 21 и додаде дека повеќе такви работи во Македонија не смее да се случуваат.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This