Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски од Велес повика граѓаните на мacoвна излезност и поддршка на опцијата Заедно Напред во име на економскиот развој на државата, правдата и евро-атлантските интеграции на државата.
-Тие најавуваат peвизија на сите добри потези што оваа влада ги направи, за коишто добивме пофалби од целиот свет. Кој се не дојде за да ни стегне рака и да ни каже дека “ова нe вepувавме дека ќе го направите“. Заради тоа добивме и покана за во НАТО и за тоа ќе добиеме датум за ЕУ во јуни, два месеца од сега.Ги стабилизиравме финансиите, ја стабилизиpaвме економијата, имаме редовна исплата на плати и на пензии, сите економски индикатори одат нагоре, меѓутоа за тоа требаше време, енергија, трпение, визија, храброст и знаење. Тоа го направивме., изјави Пендаровски.