ПАПАТА ИСПРАТИ ПОРАКА: Пред да ја посети Македонија, Папата испрати порака до македонските граѓани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциск непосредно пред неговата Апостолска посета на земјава на 7-ми мај во Скопје, испрати порака до сите граѓани на нашата земја.

-Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови, стои во пораката.

Посебната убавина на вашата земја, нагласува Папата Франциск, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, посочува, но вреди да се вложи тој нaпор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.

Во пораката нагласува дека неговата посета ја посветува и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромaшните меѓу сиромaшните.

Драги браќа и сестри,

Преку оваа кратка порака, сакам да ги искажам радоста и пријателството што ги чувствувам кон вашиот народ и кон црквата што постои во вашата земја.

Откако вашата земја стана независна, Светиот Престол сакаше со вас да воспостави пријателски и дипломатски односи. Денес, повеќе од кога било, има потреба и во Европа, и во целиот свет, да се развива култура на излегување во пресрет, култура на братство, и јас ќе дојдам меѓу вас, да го посеам ова семе. Сигурен сум дека вашата земја е добра, дека ќе го прими ова семе и ќе добие плодови.

Всушност, посебната убавина на вашата земја, се должи на различните култури, етникуми и религии што живеат во неа. Секако дека соживотот не е секогаш лесен, го знаеме тоа, но вреди да се вложи тој нaпор, бидејќи најубавите мозаици се тие што имаат многу бои.

Мојата посета ја посветувам и на една голема светица, ќерка на вашата земја, Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

Драги пријатели, да ја подготвиме нашата средба со молитва дека ќе биде исполнета со мир и секое добро за целиот ваш народ.

Бидете од Бога благословени!

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This