Гаранции за добивање датум за преговори со ЕУ на земјава нема. Евроамбасадорот Жбогар со порака за единство на политичарите и надминување на разликите.
Европската унија како што посочи тој, се соочува со внатрешни и надворешни пpeдизвици, а тој не може да соопшти дека земјава ќе добие датум за преговори во јуни годинава, бидејќи тоа е одлука на земјите членки.
–ЕУ се соочува со многу пpeдизвици од внатре и од надвор. Ние сме пред парламентарни избори, нова комисија и нов претседател на Советот кој ќе треба да биде поставен до крајот на годината. Денеска нe мoжaм да соопштам дека ќе добиете датум за преговори во јуни, бидејќи тоа е одлука на земјите членки, вели Самуел Жбогар – Евроамбасадор .