April 30, 2024, 12:03 pm

ЗА 6 ГОДИНИ КИНЕЗИТЕ ВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ НАЈБРОЈНИ НА ПЛАНЕТАТА: До 2050-та светот ќе се доближи до ,,јубилејните” 10 милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во следните три децении, глобалната популација ќе порасне за 2 милијарди луѓе, доближувајќи се до „јубилејните“ 10 милијарди некаде до 2050-та година, велат од Обединетите нации. Една земја посебно ќе го предводи порастот.

Според новиот извештај на Одделот за население при Одделот за економски и социјални работи на ОН (DESA), насловен „The World Population Prospects 2019: Highlights“, до 2050-та на Земјава ќе има најмалку 9.7 милијарди луѓе, а најодговорни за тоа ќе бидат 9 земји, предводени од Индија, која ќе придонесе со над половина од тој пораст. Се проценува дека Индија ќе додаде 273 милиони жители на актуелната своја и онака огромна популација од 1.37 милијарди луѓе, со што ќе ја помине Кина, за чија популација се очекува да се намали за 31.4 милиони во периодот од 2019 до 2050-та година. Кинеската популација ќе продолжи да опаѓа и понатаму, па до 2100 година се очекува да падне на 1.1 милијарда луѓе. Тогаш Индија се очекува да има 1.4 милијарда луѓе.

Втората најбрзорастечка популација не заостанува многу зад Индија – до 2050 година се очекува популацијата на Нигерија да порасне за 200 милиони луѓе. Останатите седум земји кои ќе го предводат порастот во следните 30 години ќе бидат Пакистан, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Демократска република Конго, Египет и САД, според извештајот.

Сепак, најголемиот скок во светската популација ќе се случи во субсахарска Африка, каде до 2050 година населението ќе се зголеми повеќе од двојно – што е развој на настани кој би можел дополнително да ги оптовари кревките општествени системи во тие земји, а веројатно ќе има и пошироки импликации (миграција, на пример).

„Многу од најбрзорастечките популации се во најсиромашните земји, каде што зголемувањето на бројот на жители носи дополнителни предизвици“, истакна на прес-конференцијата во понеделникот Лиу Женмин – главен потсекретар на DESA. Иако бројките се запрепастувачки, растот на населението всушност забавува, а се очекува да стигне и до нула, односно да прејде во опаѓање. Во моментов, на глобално ниво стапката на родени деца по жена е 2.5, но до 2050 година се очекува да опадне на 2.2, со што светската популација ќе се најде на работ на обратниот тренд – односно намалување.

Стапка од 2.1 родени деца по жена се смета за одвај доволна за одржување на популацијата, па очекуваниот максимум е дека светската популација ќе достигне 11 милијарди до крајот на векот, а потоа ќе опаѓа.

Што се однесува до обратниот тренд на намалување на популацијата, односно мала стапка на родени деца по жена, се очекува 55 земји да доживеат намалување на својата популација од барем 1%. Најтешко ќе бидат пoгoдeни Кина, а зад неа и земјите главно лоцирани во Источна Европа и Карибите. Литванија и Бугарија ќе претрпат најголем пад – нивните популации ќе се намалат за 23% до 2050 година, потоа Латвија – со пад од 22%, потоа Валиските и Футунските острови и Украина – со пад од 20%.

 

И додека истражувачите и актуелната жива популација алармира за брзото зголемување на луѓето на планетава, исто така проблем е и растот на бројот на луѓето на возраст од 65 години и повеќе, кои претставуваат „економски товар“. Во моментов само 1 од 11 жители на планетава има 65 или повеќе години, но до 2050-та тој број ќе се зголеми на 1 од секој шести. Во некои региони, како Азија, Латинска Америка и Северна Африка, процентот на постарата популација, во истиот тој период, ќе се дуплира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This