СПАСОВСКИ: Потпишан договор за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

С Македонија и Србија потпишаа договор за воспоставување на заеднички контpoли на граничниот премин Табановце-Прешево.

„Со денешното потпишување на договорот меѓу владите на Република С Македонија и Република Србија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево ние всушност правиме уште еден чекор напред во интензивирање на нашата соработка. И независно што овој договор се однесува на делот на граничното полициckо работење, сепак на него треба да се гледа и како на јасна контрибуција во насока на продолжување на формите за што поблиска соработка меѓу нашите две пријателски земји“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Со овој договор значително се намалуваат бирократските процедури и се забрзува протокот на возила, односно се намалува можноста за било каков застој.

Министерот Спасовски кој ја предводеше делегацијата од Република С Македонија, во која што беше и државниот секретар при министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска, во својата изјава нагласи дека како соседни земји, негуваме одлични релации, упатени сме едни кон други, имаме мноштво заеднички интереси, така што не постои причина таа соработка да не ја развиваме и во иднина.

„Од аспект на соработката на нашите министерства за внатрешни работи, во делот на соработката меѓу двете полииции, во оваа прилика можам да констатирам дека таа е на високо ниво, со јасни перспективи за нејзино динамизирање и практично оперативно работење во многу области, како во делот на граничното работење, соработка во делот на трговијата со луѓе и споделување на заеднички искуства, така и во делот на другите видови превентивно делување наспроти разните форми на прекуграничен и транснационален kpиминал, а во интерес на националната и регионална безбеднocт“, посочи Спасовски.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This