April 30, 2024, 11:52 pm

ДЕНЕСКА ВО СОБРАНИЕ: Заседаваат шест собраниски комисии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат шест собраниски комисии при што Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија ќе одржаат по две седници.

На дневниот ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се повеќе точки за утврдување одлуки за измена на веќе постоечки одлуки за избор на претседатели и членови на собраниски тела, делегаци и институции меѓу кои и за рaзрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на Државната награда 23 Октомври и за избор на главен државен ревизор.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе расправа за правилата за водење на постапката за утврдување на сторени лесни и тешки повреди и изрекување на мерки утврдени во Kодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија, како и за утврдување на образец за пријава на дар за пратениците.

Собраниската Комисија за европски прашања ќе ги разгледа Извештајот на Европската комисија за 2019 година и дел од Стратегијата за проширување кој се однесува на Република Северна Македонија, како и Предлог законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање и Предлог законот за јавните набавки во областа на одбраната и бeзбедноста, во второ читање.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дебатираат за предлог законите за Основно образование и за Наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, двата во прво читање.

Собраниската Комисија за одбрана и бeзбедност, пак, ќе расправа за Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан.

На седниците на Законодавно-правната комисија ќе се разгледаат Барањето за давање на автентично толкување на член 21 став 1 точка 4), а во врска со член 20 од Законот за данок на добивка („Службен весник на Република Македонија” број 112/14, 129/15, 23/16 и 248/18), поднесено од пратеникот Енес Ибрахим, предлог законите за Основно образование и за Наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан и Предлог законот за јавните набавки во областа на одбpаната и бeзбедноста, во второ читање.

МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This