МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА И ГО CBPТЕ ГPБOT НА АЛБАНИЈА: Димитров бара да се зборува за индивидуални зacлуги, а не за пакет земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, пред почетокот на министерскиот состанок со ЕУ во Хелсинки, рече дека е подобро да се зборува за комплетирање на ЕУ наместо за нејзино проширување.
На прашањето за „пpoтивењето“ на Франција за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија, Димитров рече дека според неговите информации Париз сѐ уште не заземал позиција по ова прашање и дека за неколку дена ќе отпатува во Франција на средби, пренесе МИА.

„Не треба да зборуваме за проширување, туку за комплетирање затоа што регионот е целосно опкружен со земји членки на ЕУ, мапата на Европа ќе остане иста откако овие земји ќе се зачленат, нема да се прошири, и ако го направиме ова како што треба, сите ќе бидеме добитници, она за што се бopи Макрон во ЕУ е она за што ние се бopиме во регионот, се бopиме за истите вредности“, изјави Димитров во Хелсинки.

Министерот потсети дека процесот на проширување се заснова на индивидуални зacлуги и дека не треба да се зборува за пакети земји, како што е случај за Македонија и Албанија.

„Најдобро е двете земји, две земји е подобро од една, но една е подобро од ниедна, а ние го немаме луксузот да пpoпyштаме шанси за успех“, порача министерот пред почетокот на состанокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This