(Видео) ДИМИТРОВ: Ќе биде многу тешко да се верува ако не добиеме датум за преговори во октомври

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По посетите на Париз, Брисел и Берлин, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров за Дојче веле изјави дека сигналите се позитивни и дека работите во врска со почетокот на преговори со ЕУ одат во добар правец.

– Охрабрен сум. Има земји како што е Франција каде што процесот на донесување одлука е е во конечна фаза. – рече Димитров.

Тој додаде дека е време да се започнат преговорите бидејќи веќе 10 година по ред добиваме позитивна препорака.

– Многу ќе биде тешко да се верува ако нема конечна одлука од земијите членки во октомври. Мислам дека работите одат во добар правец. – нагласи шефот на македонската дипломатија.

Според Димиторв пречки за почеток на преговорите е исходот од Законот за јавно обвинителство, кој мора да биде добар, демократски закон.

Димитров запрашан дали разговарал во Берлин за тоа што во Германија се повеќе се користи северномакедонски/северномакедонско, што е спротивно на Договорот од Преспа, тој кажа дека за тоа реагирал кај Хајко Маас.

Latest News

Unlocking Fun The Simplest Slot Games at 55Club

Welcome to the world of 55Club, where the thrill of slot gaming meets the simplicity of effortless enjoyment. As...

More Articles Like This