ДАВИДОВИЌ: Обвинитeлcтвото има цврсти доkaзи пpoтив Филипче и Дончев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната прес-конференција адвокатот Звонко Давидовиќ, правен застапник на Вера Иванова, истакна дека вчера поднеле кривични пријави против министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.

Давидовиќ вели дека тие како правен тим вчера доставиле дел од доказите со кои тие располагаат до Основното јавно обвинителство, а останатите докази ќе ги дадат кога ќе побара обвинителството. Во доказите е доставена комуникацијата на министерот Филипче со директорот на шведската фирма „Диаверум“.

Министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување вчера заработија кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра. Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата, тврдат од адвокатското друштво Давидовиќ Јанковиќ, кои ја застапуваат подносителката на кривичната пријава.

Мојот клиент смета дека е оштетен, поради водењето на кампања против продажбата од страна на директорот на ФЗОМ и министерот за здравство со цел истите да остварат корист за себе, а нејзе да ѝ нанесат штета. Докази има, разговорот меѓу Филипче и директорот на Диавериум. Како и да одлучи Обвинителството, ќе ги искористиме сите инстанци да се дознае вистината, вели адвокатот Давидови.

Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и буџетот на Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This