КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Народе, не им проштевај, знаат што ти прават!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_kolumnaСекогаш ми боде очи и ме збеснува кога ќе натрчам на непромислен јавен настап на претставници на македонската општествена елита поради кои Македонецот, оној обичниот, невидливиот за голо око и дома и надвор, често се чувствува понижен и засрамен, а овие чувства ги трансформирал во комплекс на инфериорност до таа мера што да верува дека му било пишано да има идентитет на ,,Македонче“. Демек предодреден е да биде губитник и неспособен за успех. Kутриот се чувствува како сирак и без мајка (црква) и без татко (држава).

Еве, ќе издвојам два примера за уште еднаш да ја истакнам потребата за чистење од корен. Бидејќи колумнава се паѓа на Бадник, ќе им се навртам на претставниците на МПЦ кои му порачаа на православниот народ во Македонија да ја прекинел традицијата на бадникување оти ем не била христијанска ем имала политичко-идеолошка заднина, демек како обичај смислено и кукавички ни е подметната од српскиот поробувач. Боже златен! Баш се прашувам: Ами ја ако инспирирани од глобализацијата и ГМО програмата за смрт на човештвото на македонските готвачи (готвачка заедница) им текне да ни стегнат јавно послание по некој еснафски повод да прекинеме од утре да месиме зелници, да вариме качамак, да не вариме леќа оти се ептен варварски јадења, ехеј уште од предмногубожечкото време, од добата на анимизмот!? Еден од проблемите на македонскиот народ со кој се среќава е често прекинуваниот континуитет во колективното сеќавање. Од многу причини, а најмногу заради немањето мислечки елити низ долг временски период, генерации и генерации имаат дупки во меморијата. Односно, празни страници, недостиг од автентични, веродостојни докази за етапи на својот развој, живот, традиции, филозофија… с` на с` за сопствениот идентитет. Плиткоумни и себични блаботења и лупинзи на некомпетентни и самоумислени, а неграмотни световни и духовни елитисти само дополнително го збунуваат нормалниот човечки мозок. Kако што е наредбата на вискодостојниците на МПЦ за забрана на Бадник. Да се продуховени и затоа избрани архијереи, би требало да знаат макар толку дека луѓе постоеле и пред Христа и христијанството. Човештвото живее и се гради и надградува непрекинато и денешниот човек е наследник на сето тоа насобрано искуство. Од таа бесценета и ненадоместива архива не смее да се откинува и пали дел што не се совпаѓа со нормите на некој општествен сегмент, од некоја интересовна група или од некоја општествена институција која е доминантна во одредено време. Тоа е дивјаштво и антицивилизациско поведение. МПЦ би требала добро да знае, ако е христијанска, дека во времето на формирањето на христијанската парадигма, мудрите високодостојници и тоа како воделе сметка за континуитетот со претходниот вредносен систем – таканаречениот паганизам, а всушност многубожествен духовен поредок. Оти старозаветните луѓе веќе ги меморирале во повеќеилјадната пракса. Нивната небеска организација, т.н. теогонија, колку и да се прават недоветни нашиве современи духовници, е горе доле во наративот иста како оваа христијанска. Низ многу расправи на првите вселенски собири се договорени основите на религиозната христијанска институционална градба за да уследи што помирна транзиција или премин од едниот ,,антички“ свет во другиот христијански. Па така, Олимп и неговата божествена хиерархија се претвори во воскреснат Богочовек со 12 апостоли. Врховната божица мајка или сопругата на врховниот бог стана Богородица. Празнувањето на Деметра, односно богот Митра, преку свети Димитриј станаа Митровден. Архангел Михаил е прво колено наследник на богот Арес. Адот како казна, конечна смрт и оѕвездувањето на праведните на небото како награда за непорочен живот се претворија во воскресение и рај наспроти пекол. Сето ова нема да го најдете во учењето Христово ниту во четирите признати евангелија. Редактиран е и самиот Христос за потреби на општеството и државите. Но луѓето и за време и пред тоа и потоа во континуитет го обожувале Сонцето, го славеле огнот, ги изразувале чувствата преку обреди и маски, со музика и храна. Се вика народна традиција и културно наследство. Никому не би требало да му пречи, ама ете, пречи. Им пречи на оние кои смислено вршат декодизација на човечкото сложено битие, им ја одземаат суштината на симболите и ги полнат со сенешто. Kоја е Црквата што да сака да издејствува уште еден прекин во сеќавањето на човечките заедници? Па нели бе оној црпнат Обама во име на глобализацијата се обидува веќе четврта година да го укине Божик како празник и Дедо Мраз (св. Никола) оти биле националистички, па расистички. Бел е Дедо Мраз, а бел е и снегот. Ајде сега Сорос, нареди им на шарените да го обојат во ,,све ми боје лепо стоје“. Хепенинг за новото време! Да не спомнувам како црпнатиот ,,император“ Обама смислено и систематски ги разори речиси сите држави кои го чуваат континуитетот и наследството на медитеранските народи. Со бомби и отрови ги изора како ниви за моќни психопати да засадат хибридно човечко семе ,,табула раза“. Архиереите на МПЦ изгледа се следбеници на американскиот култ на глобалистите за новочовекот како бројлер со вградено чипче за активирано самоуништување како вид. Што пак ич нема врска со Христос и неговата верба во човечкиот потенцијал како божја творба и образ. Е, ама ако ова успее, ќе нема веќе човечка душа за да воскресне, па ќе умре и приказната за Христос и за воскресението, односно, за победата над смртта. Затоа оставете им го Бадник и неговата изворна симболика на луѓето! Не бидете истомисленици со безбожните и отчовечени ИСИЛ убијци кои го дигаа во воздух човечкото историско сеќавање. Бидете достојни за Христа и имајте малку чувство за соживот со луѓето.

Kога сум кај американската елитна политика и нејзиното погубно влијание врз дел од човештвото, еве го и вториот тажен пример што се однесува на нас Македониците. Идниот мандатар Никола Груевски дал интервју во ,,Република“. Ај што дал, туку си ја отворил душичката до таму, за да каже јавно дека уште како дете во срцето си ја истетовирал Америка. Се заљубил во неа за цел живот па и денес како зрел човек, партиски водач ем врвен државен функционер, и е вазалски верен. Што е бе ова? Постизборна фус нота на најобемната партиска програма? Малку ни беа Ахмети и Тачи, па Бранко и Заев, Борис ,,мрвкат“, ете го и ,,националистот“ Груевски како јавно се колне дека е вазал на САД. По вакво признание како контратежа на неговото јавно оградување од едно државно руско знаме што се провеа на најголемиот митинг одржан по првиот удар на ,,бомбите на Заев“, малку ми е појасно зашто ни се случи Пржинскиот преврат. Бреј! Сите божем македонски ,,мејнстрим“ политици да ти биле дворски шутови на умислениот американски есатаблишмент. Оној што рокна минатиот ноември. И овие се колнат на две ,,библии“ кога преземаат функции. Притоа лажно на македонската, а од се срце на американската. Затоа никој од нив не го става на ,,такво“ интересот на македонскиот народ. Заев на јавно наддавање го лицитира, Бранко тајно и во транши го шиткаше, Љупчо за сопствена комоција и филозофски мир го трампаше. Нема што да нема. И еве го сега Грујо ,,национале“. Па ај Груевски, ќе рече човек еден е. Ами што правиме што и партијата му баш сега подвлекува и не потсеќа дека била првата автентична проамериканска, односно, прозападна партија во земјава! Јас ќе си мислев дека е првата која автентично по цел еден век го презема континуитетот на оригиналот. Пу, бе, арам да ви е и колективно и поединечно! И на образованието и на воспитанието. Божем македонски субјекти сте биле. Особено што ете, по толку денови од резилов уште немам чуено макар една експертска критика на кажаното. Чистокрвен едноумен ,,консензус“. Фали само репринт на молитвата од времето на СССР кога се однесуваше црпнато на дел од планетава: ,,Благодарение на братската дружба со Советскиот Сојуз, сега е три часот и пет минути“. Сите бре вие во една тиква сте дувале. А што друго да заклучам освен дека немало баш никаква разлика меѓу дегенерикот Фрчкоски кој се моли на ,,странците“, Црпко и Веруш како чистачи на ќенефи и вашата припадност на американската верска секта. Сите имате друга света книга и друг ,,оче наш“. Само една ,,финеса“, ве разликува. Фрле ликува зашто како слуга повеќе го милуваат него, а вие плачете зашто и покрај тоа што му принесувате поубава жртва не ве сака баш до толку. Kоја гротескна реплика на митот за Kаин и Авел! Богот во кого верувате на ваши очи и на наш грб ја дрнда Македонија, ја дестабилизира, ја пучира, го множи народот со нула, го негира и заебава, а вие јавно му се нудите да ве опне, без трошка достоинство и самопочит. Баш се чудам како вие можете кога било и како да му го браните и штитите интегритетот и идентитетот на македонскиот народ. По се изгледа дека намерата ви е од оваа ваша еднострана љубов, Македонците да затруднат и родат ваши копилиња. Извинете им се јавно и веднаш на Македонците за да не влезат вака испоганети во националниот музеј и историскиот архив. Ах, ќе заборавев. Kаква ли десороизација ви се мота низ главите баш ме интересира, иако убедена сум дека ќе биде килава. Оти десороизација значи првенствено деамериканизација. Тоа е процесот во кој влезе планетава и свесниот, односно самосвесниот, одговорен и разумен дел од човештвото. Остатокот е загулена следбеничка шикишаана.

Мирка Велиновска

Дневник

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This