„BOЛЦИТЕ“ ЗАМИНУВААТ ВО ИСТОРИЈАТА: Претседателот Пендаровски потврди – Полкот за cпeцијални опepaции повеќе нема да постои

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Пендаровски потврди – Полкот за специјални операции повеќе нема да постои. Ќе се трансформирал во Баталјон за специјални сили. Ова е официјалниот одговор од шефот на државата на прашањата на Алфа откако професорот Александар Нацев викендов ја крена на нозе јавноста, обвинувајќи дека Пендаровски и шеќеринска имале своја агенда за расформирање на најелитниот состав во нашата Армија.

-Полкот за специјални операции не се расформира, туку се трансформира во Баталјон на специјални сили, кој ќе биде потчинет на Оперативната команда, а не како досега на Генералштабот, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Инаку Нацев предупреди дека планот на Пендаровски и Шеќеринска бил дел од договор меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ, со цел во батаљонот за специјалните намени „Волци“ да се примаат само кадри што ќе бидат одобрени од ДУИ.

Од кабинетот, не го демантираат ова. Велат ќе била обезбедена соодветна правична застапеност на сите заедници во државата.

-Соодветната и правична застапеност на сите заедници во Армијата е принцип кој мора да се зачува. Иако претседателот нема надлежност над поединечните конкурси за вработување на припадници на Армијата, како врховен командант поддржува политики преку кои ќе се овозможи соодветна и правична застапеност на сите заедници во Армијата и принципот – кој и да е војник, на кое било место на кое ќе конкурира да биде избран исклучиво врз основа на своите способности, велат од кабинетот на Пендаровски.

Ваквите информации за политички тактизирања не се единствените. Договорот на двоецот Заев – Ахмети за партиски вработувања на лица блиски до ДУИ направи раздор и во Агенцијата за национална безбедност каде за малцинствата дури беше намален и прагот на бодување за вработување на новите кандидати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This