April 30, 2024, 12:40 pm

(Видео)БОБАН НОНКОВИЌ ОД БРИСЕЛ ЗА „ИНФОМАКС“: Бpyтaлнocтa со која се влaдee во Македонија доби потврда и во ЕУ – Македонија нe може да добие датум поради epoзија на демократијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Бобан Нонковиќ за Инфомакс од Брисел истакна дека македонскиот народ и македонската држава уште еднаш доби потврда за бруталноста на Западот. Имајќи го во предвид бруталниот и криминален начин на кој што беше променето македонското вековно име тој посочи дека и покрај сето тоа Европската Унија не може, а да не ја види ерозијата на демократијата во Македонија, економскиот колапс, владеењето на неправдата и да замижи пред непочитувањето на европските стандарди.

-Всушност вчера доби потврда бруталноста што ја тресе македонската држава и македонскиот народ. И покрај тоа што на брутален и криминален начин беше сменето вековното име на државатасо што демек требаше дури и референдумското прашање беше со цел влез во ЕУ и НАТО, освен НАТО, Европската Унија не може да се случи поради тоа што во Република Македонија се случува ерозија на демократијата, се случува економски колапс предводен од сите оние економски задолжувања кои се 2 и пол години. Се случува невладеење на судство, владеење на неправата и се случува обратно од она што го бара европското законодавство кога Македонија би ги започнала преговорите и би добила датум за членство, а тоа поглавјата 23/24 кои се фокус при сите 35 преговарачки поглавја. А тоа се поглавје 23 судство и основни права, односно владеење на право, а поглавје 24 судство, еднаквост итн. Се она што во Македонија го нема 2 и половина години, вели Нонковиќ.

Тој потенцира дека во Македонија се случува брутален полициски терор, има политички затвореници, притворање, затворање, подигнување на обвиненија против новинари и дека сето тоа е нотирано од францускиот амбасадор Тимоние, а истото вчера француската минситерката за европски прашање го потврди. Франција знае дека во Албанија и Македонија не владее демократија, додаде Нонковиќ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This