Јасно е дека нешто се плетка во Рекет и јасно е дека се дозира каде ќе заврши. Имаше обид да заврши само со овие тројца, Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски другите засега спасија глава. Се најавува дека ќе има продолжение, но мене тоа ми е сомнително, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.
Според него, проблем е тоа што нема соодветна разврска на случаите кои биле злоупотребени како „Поштенска банка“ и „Империја“.
Во однос на платите и додатоците кои ги земале вработените во СЈО, Калајџиев вели дека редовните обвинители никогаш не им го заборавиле тоа, и сега кога оваа работа е во истражна постапка им се ситат.
-Обвинителите никогаш не им го заборавија ова, сега им се ситат. И човечки е, како нормални смртници колега да зема три пати поголема плата од вас. Разумно дека треба да се адевкатно наградени, имаа преќутно дозвола и од амбасадите, но можно е да претерале во тоа, вели Калајџиев.