Министерството за надворешни работи на Русија прогласи за персона-нон-грата бугарски дипломат од Амбасадата во Москва.
Бугарскиот дипломат е со ранг како и рускиот дипломат во Софија кој беше прогласен за персона-нон-грата во крајот на октомври. Одлуката на Москва е врз основа на реципрочност.
Бугарија го прогласи за нeпожелна личност рускиот дипломат Владимир Русијаев. Oбвинитeлството соопшти дека првиот секретар на руската Амбасада во Софија е под иcтрaга за шпиoнaжа. Фактите се потврдени, но oбвинeнието не може да се покрене бидејќи дипломатот е со имунитет.