ВО ХАГ ЈА ДОБИВМЕ ГРЦИЈА: Во Преспа ја загyбивме Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден 2011 година Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди во корист на Македонија по жалбата од 17 ноември 2008 година, во која од главниот судски орган на Обединетите нации се бараше да пресуди и да утврди дека Грција се противела на поканата за членство во НАТО на Македонија и така ги прекршила своите обврски според Приремената спогодба.

Во оваа пресуда меѓу другото пишуваше дека Македонија и натаму може да го користи своето уставно име во односите со Грција и во рамките на меѓународните организации.

Судот прво, со 14 гласови наспроти 2, утврдува дека има надлежност да постапува во случајот почнат од поранешната југословенска Република Македонија од 2008 година и дека ова барање до судот е допуштено.

Второ, со 15 гласови наспроти 1, се утврдува дека Хеленската Република, со противењето на прием на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО, ги прекршила обврските согласно членот 11 став 1 од Времената спогодба.

Трето, со 15 гласови наспроти 1, се одбиваат сите други поднесоци поднесени од поранешната југословенска Република Македонија, рече судијата претседавач, Хисаши Овада.

Во оваа пресуда има уште неколку интересни решенија на Меѓународниот суд на правдата:

Противејќи се на пристапувањето на Република Македонија во НАТО во периодот пред Самитот на НАТО во Букурешт од 2008 година, Грција ја прекршила Привремената спогодба од 1995 година.

Од Грција се очекува дека нема повторно да го повреди меѓународното право (по дефиниција се претпоставува нејзината „добра верба“).

Сите наводи на Грција дека Република Македонија ја прекршила Привремената спогодба (ПС) се отфрлени.

Судот во Хаг пресуди дека во македонскиот Устав нема одредби за иредентизам:

Судот експлицитно утврди дека Македонија има право себеси да се именува како Република Македонија во нејзините односи со Грција; и дека Грција не може да се противи на пристапувањето или на полноправното зачленување на Македонија во НАТО или други меѓународни организации врз основа на „намерата“ на Македонија „самата себе да се именува во меѓународните организации користејќи го своето уставно име“ (параграф 103).

Судот утврдил дека:

Користењето на симболите опишани во ставот 3, од членот 7 од ПС не е забрането, а единствено е забрането Република Македонија да го користи симболот опишан во став 2, од членот 7 од ВС (симболот на нејзиното државно знаме во употреба пред стапувањето во сила на ПС); наместо тоа, ваквите симболи подлежат на постапка во која откога една од Страните ќе ги изнесе своите поплаки, другата Страна е обврзана да преземе корективни активности или да објасни зошто не презела такви активности; имено, сè додека се следи ваквата постапка не може да има прекршување на ставот 3, од членот 7 од ПС;

Република Македонија не ги прекршила своите обврски според ставот 3, од членот 7 од ПС, со тоа што го преименила аеродромот „Петровец“ во „Александар Велики“;

Грција не изнела убедливи докази, според кои Македонија го толкува својот Устав на начин кој ѝ дозволува да се меша во внатрешните работи на Грција, а во име на лица кои не се државјани на Македонија; Судот затоа утврдил дека Македонија не го прекршила ставот 2, од членот 6 од ПС“.

Иако пресудата можеше и требаше да биде наше оружје и адут во преговорите со Грција, со потпишувањето на Преспанскиот договор Македонија ја доби својата смртна пресуда.

Интересно е да се напомене дека еден од џелатите на Македонија, министерот за надворешни равоти Никола Димитров, македонски претставник во преговорите околу спорот за името, беше и правен застапник на Македонија при тужбата пред Меѓународниот суд за правда во Хаг против Грција за прекршување на привремената спогодба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This