April 30, 2024, 11:05 am

AПЛИКAЦИЈAТА TIKTOK ГО OСВOЈУВA СВEТOТ: Таа вeќе имa пoвеќе од 1 милијaрдa кoриcници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во брзиот свет на социјалните медиуми TikTok е најновиот хит кој полека но сигурно го освојува и регионот. TikTok пред се служи за создавање и споделување видеа до 15 секунди. Постои веќе три години, а најпрвин ја освои Азија, па САД пa потоа целиот свет.

Лани, на пример, ја победи конкуренцијата, односно Facebook и Instagram, кога станува збор за симнувањето на апликацијата, а сега веќе има повеќе од 1 милијарда корисници или 500 милиони дневно активни корисници.

TikTok лесно ги залуде тинејџерите, сите кои во онлајн светот бараат нов начин на комуницирање и изразување. Познато е дека Facebook како најпопуларна социјална мрежа има пpoблeми со привлекувањето на тинејџерите, а Instagram со бројот на објавени фотографии и видеа, а тука е и ривалот.

Инаку, станува збор за кинеска апликација кој под името Douyin е лансирана во Кина, во 2016 година, а една година подоцна се појави на светскито пазар како TikTok. Три месеци подоцна приватната компанија ByteDance собрала толку пари што компанијата ја довела до вредност од 75 милијарди долари, а основачот на мрежата, Жанг Јиминг, додал милијарди на таа вредност.

Според Forbes, богатството на Јиминг се проценува на 16,2 милијарди долари, по што се наоѓа на деветто место на листата со кинески милијардери. Жанг е 35-годишен софтверски инженер кој по повеќе инвестиции во компанијата сега поседува 24% од ByteDance.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This