ПЕНДАРОВСКИ: Македонците си го снемија името и нe добиja ништo, стpaвуваме да не станеме втората Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за германски „Шпигел“ истакнува дека евентуалното повторно одложување на одлуката за почеток на преговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ би било многу сериозен удар. Како што оценува Пендаровски, повторувањето на стратегиската грешка од октомври би можело да има многу длабоки, непредвидливи, а можеби и непоправливи последици.

Пендаровски потсетува дека одложувањето на одлуката за старт на преговорите во октомври била голем шок за Македонија, но и за многу други.

– Иако францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека се потребни реформи на процесот на проширување на ЕУ, сите се надеваа дека нема да биде блокиран стартот на преговорите со С Македонија и Албанија. Тоа беше големо разочарување за нашите граѓани, за нашата Влада и лично за мене. На крајот на краиштата ние ги направивме сите потребни реформи и договори, и најмногу од се направивме нешто што е уникатно во модерната светска историја – за да го решиме проблемот со Грција што не блокираше, го сменивме името на државата од Македонија во С Македонија – вели Пендаровски.

Претседателот посочува дека и многу водечки политичари во ЕУ потврдиле дека е направена стратегиска грешка и оти Унијата не може да биде релевантен геоплитички играч ако не го интегрира Западен Балкан.

Пендаровски вели дека добил уверување од Макрон оти проблемот не е во Македонија, туку во ЕУ на која и биле потребни реформи во однос на преговарачкиот процес, но, нагласува дека ние стравуваме оти можеме да станеме втора Турција која со години е заглавена како постојан кандидат за членство.

Шефот на државата истакнува дека Скопје нема ништо против реформи во преговарачкиот процес и е подготвено да ги спроведе неопходните реформи, а го прифаќа и предложениот модел на ревизрибилност, но очекува евентуалните реформи на процесот на пристапување да бидат направени брзо и без натамошни одложувања.

Како што нагласува Пендаровски, за Македонија е неприфатлива каква било друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ. Тој предупредува дека дистанцирањето на ЕУ од Западниот Балкан може да отвори простор за други играчи и да влијае негативно на реформите во земјите од регионот.

– Тие може да кажат дека Македонците ги исполнија сите услови, го сменија нивното име, а не добија ништо. Тогаш зошто ние да правиме сериозни напори и реформи? Тоа особено се однесува на проблемот на Србија и Косово – потенцира Пендаровски.

Прашан дали евентуалниот вакуум може да го искористат Русија, Турција и Кина, тој наведува дека не сака да именува ниедна држава, но оти има центри на моќ кои не се задоволни од проширувањето на НАТО и ЕУ.

– Во тој контекст земјите во регионот се често цел на лажни вести, дезинформации или кампањи со цел нивна дестабилизација – претседателот Пендаровски во интервјуто за „Шпигел“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This