Есад Рахиќ: Писмата на Јанева не се заверени на нотар, напишани се рачно и препратени во суд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Писмата кои што Катица Јанева ги испрати од истражниот затвор во Шуто Оризари, а чија содржина се однесуваше на работата и предметите на СЈО, биле напишани рачно, а потоа преку затворската служба биле препратени до Судот, согласно процедурата и куќниот ред на затворот.

Ова во вчерашното интервју на Канал 5 телевизија го изјави директорот на затворот во Шуто Оризари, Есад Рахиќ.

На прашањето на новинарот Михајловски дали во затворот има нотар, бидејќи многу правни експерти го спореа легитимитетот на тие писма, Рахиќ потврди дека нема.

-На разговор ми кажа „Имам напишано писмо и сакам да ви го предадам“, јас и реков не, ќе го предадеш на дежурниот, дежурниот ќе ми го предаде мене, јас ќе го заверам во архива и ќе оди до судот, вели Рахиќ.

Овие писма кои Јанева ги испрати од притвор до ЈО и со кои таа дава согласност за преземање на предметите на тогашно СЈО од редовното обвинителство, уште тогаш беа оспорувани. Правниците тврдеа дека овој потег е преседан кој повторно создава правна несигурност и клима на непочитување на законите и институциите.

исечок 2 „Само Интервју“ 20.12.2019

Дел од вечерашното #СамоИнтервју со Есад РахиќЛага е дека Катица Јанева не била сместена во Шутка, тврди директорот на затворот Есад Рахиќ во најновото „Само интервју“ со Гоце Михајлоски. Рахиќ нагласи дека Јанева „добро се држела“ во притвор и истакна дека писмата, чија содржина се однесуваше на работата и предметите на СЈО, кои ги испраќала од затворот биле напишани рачно, а потоа преку затворската служба биле претпратени до Судот, согласно процедурата.

Posted by Канал 5 Телевизија on Friday, December 20, 2019

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This