Македонскиот дипломатски синдикат бара амбасадорите на САД, Франција, Германија, В. Британија, Холандија и на ЕУ да кажат дали кандидатите на министерот Никола Димитров за идни амбасадори се професионални дипломати.
МДС во пост на Твитер наведува неколку примери за политички номинации и потенцира дека има проблем и со двојни државјанства на дел од амбасадорите.
Реакцијата на синдикатот доаѓа откако премиерот Заев во поддршката за новиот закон за надожворешни работи се пофали дека власта сега именува дипломати од кариера.
Дали премиерот во заминување @Zoran_Zaev ги смета ликовите од прикачените слики за професионални дипломати?@NDimitrovMK @USAmbNMacedonia@AmbassadorEU @ChThimonier @RGallowayUK@NLinSkopje @goranmomiroski pic.twitter.com/qWr9mBA4KJ
— Македонски Дипломатски Синдикат (@MkDiplomatUnion) January 2, 2020