ПРЕТПАЗЛИВИ МЕРКИ И ВО МАКЕДОНИЈА: На скопскиот аеродром ќе се стави во функција термо-камера

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комисијата за заразни заболувања на состанок кој ќе се одржи утре ќе треба да донесе одлука за тоа какви мерки кај нас ќе се преземат за заштита од новиот тип на корона вирус кој досега во Кина однесе шест човечки животи.

 

 

 

 

Од Комисијата за заразни заболувања објаснуваат дека земјите кои веќе презеле мерки за следење на патниците кои се враќаат од Кина се оние кои имаат директни авионски врски со Кина.

Епидемиолозите објаснуваат и дека иако првичните сознанија велат дека вирусот се пренесува од човек на човек, сепак не се знае колкави се можностите за тоа, односно дали можноста е мала или голема. Не е расчистено ниту дали и животните може да го пренесуваат вирусот, односно да бидат резервоар за болеста и да ја шират на луѓето.

-На состанокот утре сигурно ќе се препорачаат поголема претпазливост, може да се вклучи и термо камерата на скопскиот аеродром доколку е во функција, но сепак сметам дека луѓето кои кај нас доаѓаат од Кина веќе го поминале филтерот на другите аеродроми кои имаат директна врски со оваа азиска земја. Не гледам сепак некоја потреба од ургентност и вознемиреност – вели за „Слободен печат“ Миле Босилковски, претседател на Комисијата за заразни заболувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This