ОСМАНИ САМОУВЕРЕН: Земјава е подготвена за преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека земјава е подготвена да почне преговори за членство во Европската унија и оти тоа може да се случи наскоро доколку Унијата ја смени методологијата за прием на нови членки.

Францускиот претседател Емануел Макрон не рече дека ние не сме подотвени, туку дека ЕУ не е подготвена за проширување, така што ние не можевме ништо да направиме таа да биде поподготвена. Ние бевме одговорни ние да бидеме подготвени, а тоа го констатираа сите. Франција и Макрон не излегоа со нови услови – ако го направите уште ова ние ќе ви дадеме датум, туку рече – ако ние направиме уште нешто ново, ако је смениме методологијата тогаш ќе почнете преговори, рече Османи во интервју за „Само Интервју“.

Тој смета дека со изменета методологија и кај Французите ќе се врати довербата дека овој процес нема да биде само бирократски процес кој ќе заврши независно дали ние ги исполнуваме условите или не, туку со дека со реверзибилноста и со политичкото управување на процесот ќе се гарантира дека земјата која ќе стане членка навистина ќе биде подготвена.

Османи во интервјуто вели дека и натаму останува на сила принципот за постизборно коалицирање на победник со победник.

Ситуацијата во 2016 беше специфична. Разликата во пратеници беше 51 за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ, но имаше прегласување на едно место во Теарце каде сто гласа можеа да трансформираат резултат во 50 – 50. Во услови на нејасен легитимитет тогаш преовладуваше принципот дека предност треба да има затворањето на големите политички теми, што го направивме во изминатиот мандат, што озвозможи прогрес на државата во интеграциите и регионалната стабилност …, така што принципот победник со победник и мајскиот договор се уште важат доколку легитимитетот е јасен кај двете етнички заедници, истакна вицепремиерот Османи во интервјуто.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This