ХАРАДИНАЈ Е ПОЧЕСЕН ОД ЗАЕВ: Според Транспаренси Косово е помалку корумпирано од Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е во слободен пад со владата предводена од СДСМ и ја имаме најлошата позиција во целиот регион, а пред нас е и Косово.

Сите останати соседи се многу подобро позиционирани. Нашата држава се лизна за цели 13 места подолу на индексот на корупција во 2019 година на Транспаренси Интернешнл.

На 106. место, нашата држава се најде во „друштво“ на Албанија, Бразил, Монголија, Брегот на Слоновата коска, Алжир и Египет. Извештајот потврдува дека сме најкорумпирана земја во Европа.

Инаку, индексот рангира 180 земји и територии според нивото на корупција во јавниот сектор, според експертите и деловните луѓе.

Тој користи скала од нула до 100, каде што нулата е многу корумпирана и 100 е многу чиста.

Ниту претходно, во 2018 година не беше сјајна ситуацијата. Во Индексот за перцепција на корупцијата во 2018 година на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делеа 93 место во однос на корупцијата. Тие беа најслабо рангирани на Балканот, а во најновиот извештај Косово со Рамуш Харадинај како премиер е подобро позиционирано од нас.

Со ова темпо на СДСМ и Зоран Заев, Македонија за неколку години би го допрела дното на ранг листата.

Latest News

55club – Your Ultimate Betting Partner

Are you tired of constantly searching for the best betting tips and odds? Look no further, because 55club is...

More Articles Like This