ФРАНЦИЈА ОМЕКНА: Преговорите за членство и реформите во унијата може да одат паралелно, вели Тимоние

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Франција омекна. Преговорите за членство можат да се водат паралелно со внатрешната реформа во ЕУ и носење на новата методологија за проширување.

Пораката на официјален Париз ја пренесе амбасадорот Тимоние.

“Од наша страна постои другото прашање, тоа е прашањето за реформата на функционирањето на Европската Унија, затоа што ќе нема смисла да ве прифатиме во земја во која нема ред. И од таа гледна точка ќе кажам – процесите можат да се водат паралелно, затоа што патот кој е пред вас не е краток. Тоа е и пат на наши внатрешни реформи во Унијата”

Најава дека Франција најверојатно ретерира од тврдиот став од октомври доаѓа и од Грција.

Во пресрет на утрешната средба Макрон – Мицотакис во Париз, портпаролот на грчката влада изрази надеж дека Франција е расположена да направи одредени отстапки, кои ќе доведат до позитивен исход од следниот Европски совет во март. Тоа ќе биде и една од главните теми на средбата.

Меѓу оние кои сметаат дека преговорите можат да се водат паралелно со внетрешните процеси на Унијата е италианскиот амбасдор во земјава.

“Реформата на ЕУ не треба да биде нов услов во процесот на приклучување на МКД и АЛБ”

Реформи, фер избори, добрососедски односи. Фокусот на меѓународната заедница ќе биде на овие прашања, а клучно е и владеењето на правото.

“Обвинителството треба да биде ефикасно. Граѓаните очекуваат и заслужуваат ие што ги злоупотребиле држаните пари да се соочат со правдата”

Во очекување на новата методологија, амбасадорите од највлијателните европски земји денеска од Скопје заеднички порачаа – отворањето на преговорите е прашање и на безбедноста и стабилноста на Европа.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This