Новиот луксузен SUV има аудио систем со 36 звучници, OLED екрани од 38 инчи и систем за полувтономно возење.
Escalade e еден од најдобрите модели на брендот Cadillac.
Стилски препознатлив, со исклучително модерен дизајн, Escalade својата моќност ја манифестира со големината, но и со огромната маска за ладилникот која доминира на предниот дел од возилото.
Предната маска е вклопена во каросеријата со дискретни и хоризонтално ориентирани фарови.
За првпат, Cadillac нуди и спортски пакет кој визуелно се разликува од останатите пакети со опрема.
Внатрешноста е исто така значително модернизирана во однос на четвртата генерација, а во склад со современите трендови има дигитален екран.
И патниците коишто седат во вториот ред на располагање имаат два дисплеи од 12,6 инчи на кои се прикажува содржината од мултимедијалниот систем но исто така можат да се поврзат и со друг мобилен уред со помош на USB и HDMI приклучок.
Cadillac наведува дека новиот Escalade го поседува новиот Super Cruise систем со полуавтономно возење.
Ваквиот „ѕвер“ бара и големи гуми, па затоа сите верзии на Escalade се опремени со 22-инчни алуминиумски фелни.
Како што се очекуваше, овој SUV ќе го користи моќниот 6.2-литарски V8 со 426 коњски сили.
Cadillac ќе понуди и турбо-дизел варијанта со 3.0-литарски шестцилиндарски агрегат кој испорачува 281 КС.
И двата мотора имаат автоматски емнувач со 10 брзини.
Новиот Escalade во продажните салони во САД пристигнува во текот на летото, а цените ќе бидат објавени подоцна.