ЕУ ТО НЕМА ДА ГО ПРИФАТИ: Побара ли Тимоние да не се повтори беззakонието од промената на името со законот за ЈО?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали денеска францускиот амбасадор на СДСМ и ДУИ им кажа дека начинот на кој ќе се донесе законот за ЈО е поважен од самиот текст на законот ?

Новинарот на Алфа ТВ Драган Милосавлевиќ ја анализира изјавата на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за Телма.

“Многу интересна ситуација. Само што американската амбасадорка ги пофали осумте пребегани од ВМРО-ДПМНЕ дека би можеле да придонесат за изгласување на Законот за ЈО, (а Заев јасно наговести кој му е планот) Тимоние во интервју кај Тамара (Грнчаровска) на Телма предупредува дека така нема да може”, пишува Милосављевиќ.

“Ќе го споменам Законот за Јавното обвинителство и навистина посакуваме да се донесе тој закон и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ќе биде потребно преодната Влада коректно да функционира, без поголеми тензии, почитувајќи ги правилата на играта коишто беа прифатени од политичките партии”, изјави во интервјуто Тимоние.

Милосавлевиќ вели дека изјавата ја доживува како порака до власта дека ЕУ нема да прифати изгласување на законот за ЈО на истиот силеџиски начин како што беа спроведени уставните измени.

“Сето тоа е кажано фино, дипломатски, но поентатa е таа, не се зафркавајте пак со исти финти, ЕУ тоа нема да го прифати. Зезната работа”, пишува Милосавлевиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This