ВАРХЕЈИ: Според Европската комисија исполнети се критериумите за старт на пристапните преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вархеји очекува одлука за старт на преговорите во наредните недели.

Европската Комисијата стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со С. Македонија и Албанија, и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели, порача еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји.

– По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги презентираме нашите ажурирани извешати за Албанија и Северна Македонија. Тие покажуваат дека земјите ја засилиле својата работа и испорачале дополнителни опипливи и одржливи резултати во клучните области утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година. Според Европската комисија исполнети се критериумите за старт на пристапните преговори, вели Вархеји.

Извештаите објавени денеска го поздравуваат напредокот во двете земји. За С.Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This