МЛАДИТЕ И СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО ПОРАКА: Сакаме да живееме во унитарна и суверена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средношколци, другари и пријатели, јазикот е нашата татковина, кажа големиот Блаже Конески и затоа мора да го негуваме и заштитиме од деградирање.

2071085c-13d4-4ae6-a0d5-a601c70b919e-mkd-123180

Македонија за жал влегува во уште поголема криза, која ги засега и нашите родители, но и нас самите. Иднината на нашата земја сме ние и затоа мора да си го искажеме нашиот став.

Нашиот став е јасен. Сакаме да живееме во унитарна и суверена Македонија.Сакаме во Македонија да се цени квалитетот на човекот и неговото знаење, а не да се решава иднината по етнички клуч и уцени.

Ние средношколците не прифаќаме уцени, уште помалку беспоговорно нивно прифаќање. Ние сме против двојазичност на цела територија на Македонија, не сакаме таква Македонија да наследиме од нашите сегашни политички елити.

Целосно непотребно и неприфатливо е за нас наметнувањето на албанскиот јазик за секој човек во Македонија, вештачки со политички платформи и декрети и заплашувања со казни од 5 илјади евра. Оној кој сака може да го учи, но никако не смее да биде наметнат да се изучува задолжително. Официјализирањето на албанскиот јазик за втор службен јазик во Македонија не значи ништо друго туку двојазични сведителства, двојазични дипломи, двојазични документи за сите. Не смее албанскиот јазик да го претвориме во основен услов во иднина за наше вработување, бидејќи гледаме дека речиси во секоја институција, на секое ниво и во секоја општина наскоро тоа ќе биде основен услов и предност некој да биде вработен, а не негова професионалност и квалитет.

Младите и средношколците сакаат унитарна Македонија во која поединецот ќе биде приоритет, а не етничките права.Разочарани сме од возрасните кои за да се доберат до власт и функција тоа го прават. Затоа време е ние гласно да го кренеме нашиот глас и да кажеме НЕ ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕТО НА ДРЖАВАТА, НЕМА НИТУ НИЕ КОИ СМЕ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This