135 ЛИЦА ОД ПРИЛЕП СЕ ВО CAMOИЗОЛАЦИЈА: Поднесени 7 kpивични приjaви за нecовесни граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројката на лица кои се наоѓаат во самоизолација во Прилеп порасна од 76 на 135 во текот на вчерашниот ден.

prilep

Некои од тие граѓани сепак се несовесни и неконтролирано го напуштаат својот дом, па затоа МВР поднесе уште 3 кривични пријави, така што досега се поднесени вкупно 7 кривични пријави за несовесно однесување.

Обвинителството од Прилеп соопшти дека во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на коронавирусот Ковид-19 и не постапиле по изјавите за самоизолација.

-Обвинетите на 17 март оствариле влез во Република „Северна“ Македонија од држави со среден и висок ризик за ширење на коронавирусот и согласно мерките биле должни во период од 14 дена да не го напуштаат престојувалиштето кое го пријавиле како место каде ќе ја спроведат задолжителната самоизолација. При вршење на контрола од страна на полициските службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во нивните престојувалишта, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп му предложи на Основниот суд во Прилеп на обвинетите да им изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 30 евра во денарска противвредност.​​

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This