ЈП Исар набавилo резервни делови за популарната метларка од компанијата Брако инаку во сопственост на Кочо Анѓушев во вредност од 1.400.000 денари или 23.000 евра. Колку за потсетување, метларката ја набавија пред една година во вредност од 85.000 евра, за да денес во време на економска и здравствена kpиза набавуваат дел за истата во износ од 23.000 евра, реагира Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.
Профитерите на локално ниво, во соработка со поранешни и сегашни функционери од власта во време на економска и здравствена kpиза си прават зделки, кои резултираат со нивно богатење на државна сметка.
Во прилог на горенаведеното ви го приложувам договорот за набавка на овие делови.