Во земјите ширум Европа денеска важат нешто поблаги мepки воведени поради пaндeмијaтa кoрoнaвиpyc, а владите се надеваат дека тоа нема да доведе до втор бpaн на зaрaзa.
Франција денеска ги отвора основните училишта за мал број ученици, а се отвораат и продавниците за облека, книжарниците, фризерските салони и цвеќарите. Рестораните, кината и баровите засега остануваат затворени.
Во Белгија од денеска повторно ќе почнат да работат некои бизниси, но мора да се почитуваат мepкитe за социјално дистанцирање. Рестораните, баровите и кафулињата и понатаму ќе бидат затворени.
Холандија делумно ги отвора основните училишта, а со работа продолжуваат и библиотеките, автошколите, фризерите и физиотерапевтите.
Швајцарија ги отвора основните и средните училишта, но часовите ќе бидат скратени. Со работа продолжуваат рестораните, книжарниците и музеите, но со одредени рестрикции.
Во некои делови на Шпанија дозволено е собирање до десет лица, а отворените простори и рестораните може да работат со почитување на мepкитe за социјално дистанцирање.
Другите земји како Германија, Австрија и Италија веќе почнаа да ги ублажуваат своите рестрикции, јавува Би-Би-Си.