Угостителските објекти ќе бидат отворени во петок, а истиот ден се ykинува и зaбраната за движење од 23 часот до 5 наутро, соопшти Владата на Црна Гора.
Во петок ќе бидат отворени и плажите, со мерки за дистанца.
Обврска на сопствениците е да ги истакнат информациите за мерките, вработените да носат маски и најмногу четири лица да бидат на маса (освен за семејствата).
Меѓу масите најмало растојание мора да биде два метри или параван, дeзинфекција на рацете на влез и излез, без самопослужување, без стоење и задржување на шанк.
Претходно беше најавено дека угостителските објекти ќе почнат со работа од 18 мај.
– Од петок во целата држава е дозволен сообраќај со патнички и такси возила (бројот на лица согласно сообраќајната дозвола), а од понеделник и внатрешниот јавен патнички и железнички превоз“, соопшти Владата на Црна Гора.