Брз колач со неодолив вкус. Готов за 15 минути.
СОСТОЈКИ:
300 гр мелени бисквити, 150 гр печени несолени кикирики, 100 гр путер или маргарин, 50 гр чоколадо, 150 гр кристал шеќер, 200 гр путер од кикирики, 300 мл млеко, 4 листови розен кори, 100 гр чоколадо за глазура, 50 гр путер за глазура.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во млекото растопете ги сите наведени состојки, прелијте преку бисквитите, додајте половина крупно мелени кикирики, измешајте и оставете неколку минути да се излади.
Премачкувајте ги корите, колачот благо притиснете го и оставете еден час во фрижидер. Прелијте со растопено чоколадо, посипете со кикирики и оставете до наредниот ден во фрижидер.
Уживајте!