ГОЛЕМО „НАЈН“ ЗА МАКЕДОНИЈА: До 31 август нема патување во 160 земји, меѓу кои и нашата држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германската влада планира да го продолжи предупредувањето за патување во повеќе од 160 земји надвор од ЕУ до 31 август годинава, поради страв од ширење на коронавирусот. Меѓу погодени земји ќе биде и Македонија.

Владата во Берлин денеска (10.6.2020) ќе расправа за новиот предлог, иако се најавува дека се можни и исклучоци за некои земји доколку исполнуваат одредени критериуми. Министерот за надворешни работи Хајко Мас издаде предупредување за патување за околу 200 земји на 17 март годинава по појавата на пандемијата на Ковид-19. Минатата недела беше одлучено од 15 јуни да се тргне предупредувањето за 26 земји-членки на ЕУ, за Велика Британија, како и за уште четири држави кои се дел од Шенген зоната: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. За Шпанија и Норвешка предупредувањето ќе биде подигнато подоцна, поради тоа што тие се уште имаат ограничување за Германија.

Но за повеќе од 160 други држави во светот- вклучително и за некои големи туристички дестинации за германските туристи како Турција- предупредувањето ќе остане во сила до 31 август. Во пракса тоа значи дека германските власти ќе ги советуваат своите граѓани да не одат на туристички патувања во тие земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This