- Advertisement -
Договорена е средбата меѓу лидерите на двете најголеми македонски партии, Христијан Мицкоски и Зоран Заев по повикот на претседателот Стево Пендаровски вечерва во 18:30 часот во Вила Водно.
Двајцата лидери и шефот на државата ќе разговараат за изборниот ден, откако Пендаровски денеска итно ги повика да се сретнат и да одлучат кога ќе се одржат изборите.
Според Пендаровски оваа средба е неопходна заради обезбедување инклузивност на изборниот процес.