Грција се подготвува за изградба на прифатни центри за бегалци од Македонија во случај на граѓанска војна во земјава. Камповите би биле лоцирани во Кукуш и во нив бегалците би останале додека не се смири ситуацијата во Македонија.
Весникот „Елефтерос типос“ пишува дека „компетентни служби“ во Грција разработиле планови за вонреден прием и сместување на бегалци од Македонија.
Плановите вклучуваат отворање кампови кои би примиле голем број бегалци од Македонија во случај на граѓанска војна и за кои се проценува дека би ја поминале границата со Грција. Наводно, веќе се определени и локации за ваквите кампови.
Во кусата информација уште се додава дека не се знае кога ќе заврши политичката криза во земјава.
Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...