Физичка пресметка се случи вечерва пред Градска болница. Според неофицијални информации две семејства најпрво вербално, а потоа и физички се пресметале, а откако дете било удрено од автомобил и пренесено во болницата. Од МВР велат дека се собираат информации за настанот, објави А1он
– Во близина на старата градска болница дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства, при претходно случена сообраќајна незгода во која, според првични сознанија било удрено дете, велат од МВР.
Неофицијално таткото на детето е приведен, додека возачот кој го удрил детето, заедно со детето се задржани во Градска болница.