(Видео) MBP го бара Албанецот кој пpeтепа Македонец и видеото го објави на Тик Ток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повторно насилство на социјалните мрежи. На „ТикТок“ на профилот „проблем1“ објавено е видео на кое се гледа како едно момче брутално удира друго момче.

Од полицијата засега не соопштуваат детали за случајот.

– Министерството за внатрешни работи постапува за расчистување на случајот и по расчистувањето ќе ја известиме јавноста, велат кратко од полицијата.

Но, дали младите ја пречекоруваат линијата на социјалните мрежи во желбата за слава, повеќе лајкови и кликови? Експертите за новите медиуми велат дека ова се исклучоци, и не ја покажуваат реалната слика.

– Потрагата по кликови, потрагата по тоа да се биде што е можно поинтересен и да се допре до поголем број луѓе, кај дел од нашите сограѓани или кај дел од младите предизвикува и такви и појави. Но, верувам дека со ваквите акции и со покажување на она што е негативно и пред се со брза интервенција на институциите ваквите работи ќе бидат изолирани случаи како досега и ќе имаат своја завршница, вели експертот за нови медиуми. Секогаш кога јавно ги покажуваме ваквите примери, а не правиме популаризација на истите буквално ги мотивираме институциите да бидат многу брзи и тоа е клучно, Бојан Кордалов.

Според Кордалов, негативни примери постојано има во секојдневието, а предноста на социјалните мрежи е што таквите случаи многу полесно добиваат завршница.

Ова не е прв пример на фалење на социјалните мрежи за криминални дејствија од страна на младите.

Пред еден месец, момче исто така на ТикТок се пофали со своите пиромански способност, па објавуваше видеа како пали шума. Претходно, ученици преку Инстаграм објавуваа тепачки, опасни игри и оштетување на школскиот инвентар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This