Дeцaтa ќe јa oпpaвaт дpжaвaтa – Стpyмички cpeднoшкoлци пpeкy пpoтecт пoбaрaa да се вpaтaт во yчилиштaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку мирен протест попладнево на Плоштадот „Гоце Делчев“ средношколци од Струмица побараа да се вратат во училиштата и да продолжат со настава.

Според нив вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ќе ја изгубат довербата во образовниот систем и затоа бараат да се вратат на настава.

Знаеме колку онлајн наставата е „ефикасна“ и колку секој од нас го поседува потребниот електронски уред за функционирање со истата. Затоа ова е повик до надлежните да го слушнат нашиот глас и да го слушнат нашето мислење, зашто во спротивно ќе ја убијат желбата за напредок и ќе ни ја закопаат иднината со тоа, рече средношколката Катерина Гонева.

Пред средношколците се обрати и ученичката Лилјана Коцева, која подвлече дека треба да се оди на училиште, бидејќи моќта на образованието е неоспорна.

Ние како човечки суштества не можеме да ја достигнеме крајната цел се додека сме необразовани. Можеме да создадеме подобра иднина само преку квалитетно образование. Затоа, да го искористиме образованието како најмоќно оружје со кое ќе може да го промениме светот, рече Коцева.

Додадоа дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, но ако не се прифатат нивните барања тогаш најавуваат продолжување на протестите.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This