Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, дел поранешни но и сегашни имаат заеднички став дека во партијата немало никаква одлука за присуство или поддршка на протестите наречени ” За заедничка Македонија”.
Според нив, тоа било лична одлука.
Мене никој не ми кажал што да правам или каде да одам ниту пак сум присуствувал на состанок на општинските комитети- објасни Крсто Јовановски.
Со сличен став е и Трајчо Димков. Тој со семејството присуствувал на протестите во Штип и видел многу загрижени и исплашени луѓе за тоа што тогаш се случувало во државата.
-Ние како партија не организираше ништо. Присуството на протестите беше личен став- изјави поранешниот пратеник.