Без коментар: Министерот Нуредини на новинарските прашања одговараше на англиски бидејќи не знаел добро македонски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првата прес-конференција која денеска ја одржа старо-новиот министер за животна средина, Насер Нуредини тој во воведниот говор зборуваше на албански јазик со поддршка на преведувач.

Меѓутоа, на почетокот на новинарските прашања Нуредини посочи дека поради подобро познавање на англискиот јазик од македонскиот и албанскиот, тој ќе одговара на англиски.

На крајот од прес-конференцијата кога новинарка го праша дали по една година и три месеци колку што е на функција, ќе го слушнеме министерот да зборува на еден од службените јазици во Македонија, Нуредини се обрати на македонски. Рече дека го разбира македонскиот јазик, но се уште го учи. Посочи и дека не e лошо да се зборува албански.

Од Министерството за животна средина, пак, реагираат дека Нуредини бил погpeшно сфатен поради нeможноста добро да се изрази на македонски јазик, а она што сакал да го каже е оти албанскиот јазик нe му е лош.

-Користејќи го јазикот кој што се уште нe го зборува добро, неговата изјава е сосема погрeшно парафразирана од страна на некои медиуми. Она што тој сакаше да го каже е дека се уште го учи јазикот и не се изразува добро, а дека албанскиот јазик не му е лош, но бидејќи новинарката не зборува албански не може да знае какво е неговото познавање на албанскиот јазик, се вели во реакцијата од МЖСПП.

Видеото погледнете го на СИТЕЛ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This